Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во периодот од 6 август заклучно со 23 декември.
Во тој период на територијата на државата 66.857 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистиката за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85%, додека само 15% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08.2021 до 23.12.2021 на територија на државата починале 2362 лица со Ковид 19, 1850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.