Музичкиот караван „Силно светнал денот“ со кој се одбележуваат 35 години независност на Македонија вечерва е на градскиот плоштад во Куманово.
На големиот концерт пред кумановската публика ќе настапат триесетина македонски музички имиња, меѓу нив Игор Џамбазов, Драгана Левенска, Бранислав Николов, Вера Милошевска, Сара Мејс, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Полина Тасева, Дарио, Спасен Силјановски, Бојан Стојков, Миле Кузмановски, Дорис Димовска, Игор и Ана Дурловски, Ана Петановска, Димитар Андоновски, Дарко Гроздановски, Лина Пејовска, Андријана Петрушевска, Марија Спасовска и Мина Блажев.
Концерот започнува во 20.30 часот.
Караванот започна на 9 август во Охрид, каде настапија над 120 уметници, а потоа продолжи во Битола, Велес и Крушево. По Куманово, музичкиот спектакл ќе продолжи во уште неколку градови.