Екипите на ТППЕ Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале во неколку села. Опожарена сува трева пожарникарите вчера гаснеле во кумановските села Орашац и Лопате и во липковските Ваксинце и Опае, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Инаку, денеска преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, соопштија од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен.