Отсекот за превенција при СВР Куманово, заедно со униформирани полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивна кампања под мотото „Одговорно пред пешачки премин“.
Кампањата е насочена кон пешаците кои неодговорно се однесуваат во сообраќајот, односно не ги користат обележаните пешачки премини и непрописно го претрчуваат коловозот.
Надлежните упатуваат апел до сите пешаци да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат исклучиво обележани пешачки премини.