Дневен билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово
На 03.11.2026 во 04:09 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете кое било затруено од лекови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 02.11.2026 во 20:30 часот во СВР Куманово, 45-годишен кумановец пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ј.(42). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 02.11.2026 околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово привеле 50-годишен жител на село Пчиња, кумановско. Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово при извршување на кривично дело „затајување“, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.