Патронен празник неделава одбележуваат и средното техничко училиште „Наце Буѓони“, како и државното средно училиште „Киро Бурназ“.
Според објавата на техничкото училиште, по повод денот на училиштето во организација на ученичкиот совет, учениците на „Наце Буѓони“ подготвиле богата и креативна програма.
„Преку визионерска реконструкција на неговиот лик со помош на вештачка интелигенција, оживеа споменот за Наце Буѓони, а преку инспиративниот литературен состав и презентацијата за неговиот живот уште еднаш ги потврдивме вредностите што ги носиме во срцето. Слушнавме состави за ликот, делото и примерот за храброст на Наце Буѓони напишани на албански јазик од страна на Герта Хебиби, претседател на ученички совет, и на македонски јазик од Марија Божиновска“, објави училиштето.
Во чест на патронот на училиштето, во објавата на Киро Бурназ пишува: „Во духот на одбележувањето на патрониот празник и големиот јубилеј – 80 години постоење, знаење и посветеност, продолжуваме да ја раскажуваме приказната за училиштето кое низ децениите создава стручни кадри, отвора нови можности и ги подготвува младите за предизвиците на иднината“,
ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово денес е современ регионален центар кој ги поврзува образованието, стопанството и европските искуства, градејќи мостови меѓу училиштето и светот на трудот. „Киро Бурназ“ континуирано вложува во професионалниот развој на наставниците, современата настава и новите можности за учениците преку европски партнерства, меѓународна соработка и програмата Еразмус+.