Министерството за дигитална трансформација денеска ја промовираше мобилната апликација „м.Услуги“, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон.
Според најавите, апликацијата треба да овозможи побрз и поедноставен пристап до јавните услуги и документи во рамки на процесот на дигитализација на администрацијата и унапредување на електронските услуги за граѓаните.
На промоцијата премиерот Христијан Мицкоски оцени дека поефикасните електронски услуги ќе донесат придобивки и за граѓаните и за компаниите, преку заштеда на време и намалување на непотребните трошоци.