Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Општина Старо Нагоричане поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило. Откако бил пријавен настан на 09.02.2026 година за физички напад врз Р.Т. (86) во село Челопек, Т.Б. (25) бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Поради тоа што истрагата се уште е во тек за подетални информации ќе бидете дополнителни известени.
Основното јавно обвинителство Куманово денеска соопшти дека ОЈО и сите надлежни институции и органи преземаат огромен број дејствија за обезбедување докази за целосно расчистување на овие настани.
„Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите, но во оваа фаза од постапката во интерес на истрагата не може да се споделуваат повеќе детали“, се вели во соопштението на ОЈО Куманово.