Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска денеска оствари средба со претставници од здружението „Пчела” – Куманово, кои за првпат ќе го посетат интернационалниот саем во Словенија, претстојниот викенд.
На едукативниот собир, Македонија ќе ја претставуваат 110 пчелари од повеќе градови, од кои 40 се од Куманово, а ќе биде од голема важност за просперитетот и развој на оваа производствена гранка. Во рамки на престојот во Словенија, пчеларите ќе имаат можност да посетат повеќе места, пчеларски центри и индивидуални мега производители на мед: Блед, пчеларски музеј Радовљица, пчеларски центар Лесце, саемот во Цеље, Пчеларски сојуз на Словенија, Европски пчеларски сојуз во близина на Љубљана, АПИ Центар Мажијев Грич и посета на словенечките веле производители на мед, Ерик Лузнар и сопственикот на пчеларскиот музеј Антон Кобељ, „Куќата на крањска пчела”.