Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарено стрниште и сува трева во кумановското село Кутлибег, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, пожарникарите вчера интервенирале и кај Аџитепе и во село Скачковце, каде што била опожарена сува трева.
Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане вчера попладне гаснеле сува трева во селото Младо Нагоричане, информираат надлежните.