Централниот регистар ги известува сите обврзници дека и на 28.02.2026 година (сабота), во сите регионални регистрациони канцеларии и регистрациони канцеларии во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ќе се врши примање годишни сметки за 2025 година.
Микро и малите трговци ќе имаат можност годишната сметка во согласност со Законот за трговските друштва, да ја поднесат во електронска форма до 16.03.2026 година.
Трговците поединци и самостојните вршители на дејност (обврзници во согласност со Законот за данокот на личен доход) годишните сметки за 2025 година може да ги достават во хартиена форма до 16.03.2026 година (понеделник) во сите канцеларии на Централниот регистар во период од 08:00 до 16:00 часот.
„За дополнителна помош, ви стоиме на располагање преку телефоните за контакт и адресата на е-пошта, како и преку контакт-формата на Централен регистар“, соопштија од Централен регистар на Република Северна Македонија.