„Во врска со измената на распоредот на буџетот на Општина Куманово за 2026 година, а се со цел да се изврши поправка на механизација за тековно санирање на депонијата Краста, секторот за финансиски прашања има изготвено одлука. Секторот за финансии по предлог на градоначалникот одлучи да пренамениме двојно повеќе средства од програмата – одржување и заштита на локални патишта и улици во износ од 4 милиони денари, на Општинскиот штаб за заштита и спасување“, истакна Фросина Милковска, овластен помошник раководител на секторот за финансиски прашања, на денешната прва вонредна седница на Советот на Општина Куманово. Станува збор за ставката за летно одржување на јавно- прометни површини. Од вкупно 15 милиони денари, се кратат 4 милиони денари кои ќе се пренаменат за проблемот со Краста, на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Вонредната седница е во тек, а дали советниците ќе го изгласаат овој предлог на секторот за финансиски прашања, односно на градоначалникот Максим Димитриевски допрва ќе се знае.