Сојузот на борци ќе го одбележи денот на Карпош

Општинскиот одбор на Сојузот на борци и годинава традиционално ќе го одбележи денот на загинување на козјачкиот херој Христијан Тодоровски Карпош. Членовите на сојузот во среда во 11 часот, ќе ја посетат Спомен куќата на кумановскиот командант, при што ќе го положат свежо цвеќе.

-Некој рекол дека она ако не се повторува а било тоа ќе падне во заборав исто како да не било. Обврската на општинскиот одбор на Сојузот на борци е тоа да не падне никако во заборав, бидејќи тоа ни е и една од основните задачи да ја негуваме, традициите да ги негуваме да ги објаснуваме и да кажуваме дека само народно ослободителната борба 1941 и 1945 година е таа која што го оствари вековниот сон на македонскиот народ да има сопствена држава. Односно на ова подрачје кај нас на козјачијата на 2-ри август 1944 година се одржа АСНОМ на кој се удрени темелите на Република Макеоднија. Тоа не треба никогаш да го заборавиме и тоа треба да биде наш атрибут и главни наши заложби кога се објаснува дека ние бевме на таа, прогресивнта страна  на светот во борбата против фашизмот-истакна  Благе Јакимовски, Сојуз на борци.

Истиот ден претставници на Сојузот ќе заминат и во село Билјача, каде што загинал Карпош, при што ќе положат цвеќе пред бистата која се наоѓа во дворот на основото училиште. Јакимовски упати апел до сите граѓани да им се приклучат во одбележувањето пред Спомен куќата на Карпош, каде ќе одржи и говор за делото на народниот херој. Положувањето свежо цвеќе пред бистата на Карпош, е дел од програмските активности за одбележување на значајни датуми и  личности.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)