Алексовска: Седумте вработени општината треба да си ги исплати

По денешниот протест на вработените од градинката пред општина Куманово реагираше директорката на „Ангел Шајче“, Марина Алексовска.

„Ја демантирам и отфрлам како неоснована изјавата на градоначалникот Максим Димитриевски дадена на 23 јули годинава по протестот на вработените од градинката пред општинската зграда. За појасно да биде на граѓаните и на вработените од установата, седумте вработени лица се ангажирани за време на последните избори, март, април и мај месец 2024. За нив имавме претходно побарана и добиена писмена согласност од градоначалникот на општината. За период од три месеци овие вработени земаа плата без никаков проблем. Бидејќи Владата сè уште не беше формирана, а имавме реална потреба за овие вработувања по основ на пензионирање, подолготрајно боледување, породилно боледување, повторно побаравме согласност за седум вработени за итни и неодложни и добивме пак писмена согласност една на 3 јуни, а втората на 11 јуни, годинава. Владата сè уште не беше формирана. Со пресметка на јунската плата ни се јавија од Министерството за труд и социјална политика и од Министерството за финансии и нè информираа дека платата не може да помине затоа што согласноста за овие седум вработени за итни и недолжни работи ја дава градоначалникот, а не министерството за финансии и затоа општината треба да си ги исплати. Без писмена согласност од градоначалникот, седумте лица за итни и неодложни работи не можат да бидат пријавени во Бирото за вработување“, стои во реакцијата на директорката на градинката Марина Алексовска.

Коментари

коментар(и)