Ацо Таневски со изложба на слики „Марини“

Во Изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово на втори април, петок, со почеток во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Марини“ од скопскиот автор Ацо Таневски. Авторот се претставува со 28 пејсажи во техника масло на платно што биле изработени во периодот од  2002-та до 2012-та. Таневски за своите дела вели дека се инспирирани од морето и езерото, што биле негова преокупација петнаесетина години и што претставуваат негова лична филозофија за човекот како напасник на природата.

Изложбата е проект од национален интерес  во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајн за 2020 година, финансирана од Министерството за култура.

Коментари

коментар(и)