Бектеши: Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати

Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, посочи министерот за екиномија Крешник Бектеши, откако вчера на дел од бензиските станици низ државата се создадоа колони на возила кои што чекаа на ред да наполнат готиво во своите резервоари.

Се создава вештачка паника кај граѓаните што може дополнително да направи штета и дисбаланс на пазарот, изјави министерот Бектеши.

Бектеши истакна дека Државниот пазарен инапекторат е на терен за да утврди зошто се создава ваква паника кај граѓаните, но потенцираше дека нема никакви рестрикции ниту трговците можат да ставаат ограничувања за тоа колку горива треба да точат граѓаните.

 

 

 

Коментари

коментар(и)