(ВИДЕО) Почна и вакцинацијата со „Синовак“

Во Куманово почна масовната имунизација со кинеската вакцина „Синовак“. Регионалниот центар засега располага со 2.500 дози вакцини. Но покрај „Синовак“, граѓаните од североистокот се вакцинираат и со „Фајзер“ и „АстраЗенека“. По доставата на новата количина, пунктот започна со работа во две смени. Од кумановскиот Здравствен дом укажуваат дека интересот за вакцинација е голем. Очекуваат дневно да се вакцинираат до 1.000 граѓани.

-Голем е интересот, кај сите граѓаните што се вакцинирани не сме забележале некоја несакана реакација. Голем дел од нив поминуваат на најдобар начин. Ја користам можноста и да апелирам до сите што досега не се имунизирале, да се пријават на сајтот Vakcinacija.mk Моментално на нашиот пункт се врши и вакцинација и ревакцинација, односно се даваат и други вакцини, се аплицира и Фајзер, а за возрасните над 60 години се аплицира АстраЗенека-изјави Монализа Мемети, докторка при Здравствен дом Куманово.

На регионалниот пункт во Куманово досега се вакцинирале 19.500 граѓани од Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце. Граѓаните што се вакцинираат денеска истакнаа дека се задоволни од текот на вакцинацијата.

 

Коментари

коментар(и)