(ВИДЕО) Ќе се обележат објектите од културно значење

Тим од вработени од Секторот за урбанизам при Општина Куманово, со поддршка на надворешни соработници, работи на проект за обележување на објектите од културно значење во Куманово. Имено, проектот кој е со поддршка на Асоцијацијата на градови со културно наследство на Република Франција и нивното Министерство за надворешни работи, а во кој се вклучени и градови од Албанија, има за цел да ги зајакне капацитети на заедниците. Се работи на инвентаризација на градбите со културно наследство.

-Ние во Куманово го избравме хотел Куманово со низата објекти станбено-деловни долж улицата 11-ти октомври. Тоа е едната работна група, втората работна група исто во која учествува Општина Куманово е проектот за сигналитика. Што подразбира поврзување на пешачки коридор, и означување на објектите од културно наследство преку нивно обележување, со табли, потоа ќе видиме кој дизајн на табли ќе се користи, јарболи, QR кодови за подетален опис на секој културен споменик-нагласи Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам Куманово.

 

Сигналната патека која е планирано да заврши до мај 2022 година, ќе се движи од градската џамија, хотел Куманово, Касапски круг, Занаетчискиот дом и ќе заврши со хотел Солун, односно улицата Иво Лола Рибар, меѓу кумановци попозната како Нагорички сокак.

Тоа е една патека која ќе се користи како пешачко движење, ќе бидат обележани спомениците на културно наследство со информации за културното наследство од кога потекнува, кодот ќе ги носи до некои интересни приказни, анегдоти, се со цел на овој начин да го поттикнеме и движењето пешачењето, велосипедизмот кој пак ни е поврзан со планот за урбана мобилност-дополни таа.

Со вакви новини, запознавање на културното наследство, надлежните од секторот за урбанизам се надеваат дека ќе придонесат и за зголемување на бројот на туристите во градот.

 

Коментари

коментар(и)