ВМРО ДПМНЕ го осудува насилството

Крајно искомпромитираното раководство во СДС, со самото прифаќање на Тиранската платформа навлезе во големи проблем. Народот  застана во одбрана на државата  и јасно и недвосмислено кажа “НЕ ,на сите обиди за редефинирање на уставниот поредок. СДС немаат излез ,освен преку разни инсинуации и обиди за дефокусирање на вниманието на јавноста, да ги одвратат граѓаните од протестите, за да можат полесно заедно со своите партнери, да продолжат кон реализација на ветените анти-македонски политики . Нервозата кај СДС е очигледна и видлива во Куманово,преку последниот инцидент ,во кој беше вклучен и пратеникот Максим Димитриевски. Димитриевски се обиде со помош на овој насилен инцидент, политички да поентира прикажувајќи се себеси како жртва ,а другите вклучени во немилиот настан, како насилници кои го нападнале него и неговото семејство. Преку очевидците но и од првичните наоди на полицијата,пошироката јавност се запозна со случајот за кој деталите опишуваат поинакви околностиж, од оние кои што опозицијата преку своите медиуми сакаше да ги наметне.ВМРО-ДПМНЕ го осудува ова насилство и бара надлежните институции, во најкраток можен рок да го расветлат случајот со цел да се дознае правата вистина, и со тоа  да се спречи пласирањето на дезинформации,преку кои се  манипулира со чувствата на граѓаните.Исто така се надеваме дека Димитриевски  и СДС ќе престанат да го  користат овој случај за сопствена промоција и за дискредитација на граѓаните кои го осудуваат насилството.Разликата помеѓу оние кои ја градат и чуваат државата и оние кои деструктивно се обидуваат да ја злоупотребат, никогаш не била поголема.Граѓаните одамна ја дознаа вистината. Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди! – изјави Светлана Цветковска од ОК ВМРО ДПМНЕ на денешната пресконференција .

 

Коментари

коментар(и)