Врачени договорите на апликанти за субвенционирање на плати и вработување во Куманово

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – г. Беким Мурати, денес во Центарот за вработување Куманово ги врачи договорите на одобрените апликанти од Куманово и околните општини, за учество во мерките Субвенционирање на плати и Вработување и раст на правни субјекти.

Мерките се дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година и се во насока на поддршка за креирање на нови работни места за невработените лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.
Директорот Мурати изрази задоволство од покажаниот интерес на голем број на учесници во овие активни мерки за вработување и уверување дека Агенцијата за вработување и понатаму ќе спроведува активности, водејќи се првенствено од интересот и потребите на невработените лица и работодавачите.

Коментари

коментар(и)