Дали има притисок, и каков, во градската болница Куманово? (ВИДЕО)

Голема е бројката на хоспитализирани во градската болница Куманово, но најголемиот притисок се создава со таканаречените суспектни случаи и нивниот број за прегледи варира околу стотина прегледани дневно на инфективната клиника. Но, капацитет има и во ковид болницата и на клиниките. Може само да се надеваме дека приемот ќе биде намален за сметка на отпишаните пациенти. Директорот на Општата болница, меѓу другото изјави и дека е потребен персонал за опслужување на сите пациенти, со оглед дека се работи за нега на граѓаните од Североисточниот регион.

Коментари

коментар(и)