Димитриевски подари пакетчиња во дневните центри

Градоначалникот на Oпштина Куманово Максим Димитриевски во придружба на Дедо Мраз денеска им подари новогодишни пакетчиња на корисниците на двата дневни центра за лица со интелектуална попреченост во Куманово – „Порака наша“ и Центарот за лица со попреченост над 18 години, кој што се наоѓа кај поранешната фабрика Чик. Станува збор за традиционална посета на дневните центри од надлежните во општината во пресрет на новогодишните и божиќните празници.  

-Во оваа прилика сакам да ги поздравам сите кои што работат на проектот од здружението „Порака наша“ бидејќи имаме категорија на наши сограѓани со попреченост на кои им е повеќе од потребна помош, социјализација, интеграција, значи инклузија и сакам да ја искористам приликава да им ги честитам претстојните празници и воедно да се заблагодарам на сите кои што даваат придонес да овој проект биде успешно имплементиран и реализиран, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

-Благодарни сме што 13-та година по ред општината делумно го финансира  постоењето на дневниот центар. Без помош и поддршка од Општината, од Советот, од бизнис заедницата,  центарот не може да функционира, изјави Мартина Костовска од „Порака наша “

Ова е прв од неколкуте предновогодишни настани кои што ќе бидат организирани во градот. Следува „Денс фестивал“, „Кумановци за Куманово“ и предновогодишната забава на најмалите на градскиот плоштад.

Коментари

коментар(и)