Казнети деветмина возачи, не дале предност на пешаци

На подрачјето на СВР  Куманово во текот на вчерашниот ден од 07 до 12 часот  спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин. При контролата констатирани се 9 прекршоци од кои 6 на подрачје  на  Куманово и 3 во Крива Паланка. На возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби.

Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме  и до пешаците  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)