(ВИДЕО) Куманово – домаќин на Регионална ревија на песни и музика

Здруженијата на пензионери од Куманово, Крива Паланка, Кратово и  скопските општини Центар, Аеродром и Чаир денеска во ресторан Грација беа дел од 19-тата Регионална ревија на песни, музика и игри. На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, присуствуваа и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и пензионери од шесте општини во четвртиот регион. Настапите на здуженијата со песни од богатата ризница на нашата држава беа тематски различни. Манифестацијата е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а се одржува во сите осум региони на ниво на државата, вели претседателот на здружението на пензионери „Куманово“, Благе Јакимовски.

-Манифестацијата се одржува согласно програмата за работа. Годинава, заради ковид ситуацијата, изостануваат игри и орга по препораките на Mинистерството за здравство односно на Комисијата за зарзни болести и Владата, а имаме и насоки од Сојузот на здруженијата на пензионерит за одрeдени насоки како оваа манифестација да се реализира со намален обем, односно со помала содржина, a со цел да го задржиме континуитетот, изјави Благе Јакимовски, претседател на Здружение на пензионери „Куманово“

„Здружението на пензионери е едно од најактивните здруженија во нашата општина“, рече во своето пригодно обраќање градоначалникот Максим Димитриевски.  Тој им се заблагодари на сите учесници за желбата и ентузијазмот со кој го негуваат и презентираат културното наследство.

-Она што мене лично ме восхитува и кај нашите членови на ова здружение, но и кај сите вас е тој ентузијазам и желба да создавате, творите и покажете тоа што го имате како минато искуство да го пренесете на следните генерации и ние сме сите горди на тоа. Во овие тешки моменти за нашата држава, за нашата Македонија каде што многупати не оспоруваат и како народ и како нација, а и како држава токму етногенезата е најбитниот момент  нешто што всушност не држи на сопствените корени и нас Македонците, но и останатите заедници кои што живеат во нашата држава, а знаеме дека Македонија е еден богат колорит на такви заедници, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Кумановското здружение е едно од најстарите членови на Сојузот на здруженијата на пензионерите чии почетоци датираат од септември 1946 –та година како подружница на пензионери според податоци од Монографијата на Сојузот. Освен од Куманово, во него членуваат и пензионери од Старо Нагоричане и Липково, а вкупната бројка на членството изнесува 13.877  пензионери од 34 ограноци,  рече пред присутните претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Станка Трајкова.

За учеството на 19-тата Регионална ревија на песни, музика и игри пензионерите добија благодарници од домаќинот на манифестацијата.

Коментари

коментар(и)