Лозано, Некст тајм, Барди и Алкета вечерва на плоштадот

На градскиот плоштад во Куманово вечерва се одржува втората концертна вечер по повод Денот на ослободување на градот 11 Ноември, а свој настап ќе имаат Лозано, Некст тајм, Барди и Алкета.

Вистински спектакл приреди Тајзи настапувајќи вчеравечер. Пред неколкуилјадна публика Тајзи ги испеа најголемите хитови, а заедно со него во еден глас пееше и публиката. Пејачот не го криеше неизмерното задоволство што по многу години повторно пее пред кумановската публика и тоа за најголемиот празник на неговиот роден град. Дека и кумановци се задоволни од неговиот настап зборуваат и реакциите по социјалните мрежи.

Освен Тајзи, настапи и групата Дајте музика, како и Сара Јо од соседна Србија.

Концертите се во организација на Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)