Миниматурантите од „Кокиче“ добија дипломи

Во дворот на градинката „Кокиче“ денес се одржа забава наменета за  околу шеесетина миниматуранти кои од септември ќе заминат на  училиште. Во присуство на родителите децата се простија од градинката со пригодна манифестација, а воспитувачките  им доделија дипломи и книги. Во состав на манифестацијата се одржа и базарот кој требаше да се одвива на  градскиот плоштад но поради оправдани причини беше одложен. На базарот се продаваа кукли направени од децата и родителите, а паричните средства од овој хуман проект се наменети за децата од загрозените семејства.

– Ние сме среќни и горди на овие дечиња што можеме да создадеме идни генерации и да им допринесеме на училиштата со вака воспитани и умни деца. На крај се доделија дипломи и сликовници за да децата се потсетуваат на градинката и да знаат каде престојувале. Се одржа и базарот кој е дел од нашиот проект кој го реализираме од октомври до мај оваа година, вели Ивана Николиќ,воспитувач во градинката „Кокиче“.

Секој ден од први до десетти јуни различна градинка од јавната установа „Ангел Шајче“ ќе одржи своја забава за миниматурантите. Манифестацијата со наслов „Мини забава за миниматуранти“ се одржува традиционално секоја година.

Коментари

коментар(и)