Општината презеде мерки против аерозагадувањето

По екстремно високите нивоа на ПМ10 честички во Куманово, општината викендов презеде итни мерки за намалување на загаденоста.

Со методата на аеросолизација, Општина Куманово и годинава ќе се бори против загадениот воздух, а воедно инспекциските служби ќе трагаат по загадувачите.

Проектот минатата година беше реализиран со факултетите за информатички и комуникациски технологии и за земјоделски науки и храна, ЈП „Чистота и Зеленило“ и надлежните инспекциски служби и истиот даде резултати за намалување на ПМ10 честичките. Аеросолизацијата предвидува прскање на најфрекфентните сообраќајници.

Екстремното ниво на загаденост регистрирано на мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање неофицијално е поради ложење на котларата за затоплување на кумановската болница, каде што и се наоѓа самиот мерен уред. Котларата како реагенс користи мазут кој загадува.

Коментари

коментар(и)