ВИДЕО: Општината со јавен повик за поддршка на здравствената заштита

Општина Куманово објави јавен повик за финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина Куманово за 2023 година

Со цел унапредување на здравјето на граѓаните на локално ниво, како и успешна реализација на Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2023 година распишан е  јавен повик за финансиска поддршка во врска со темите:

-злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции;
-превенција на тинејџерска бременост;
-сексуално преносливи болести,
-подигнување на свеста кај родителите за поголем опфат со вакцини;
-рутински здравствени прегледи и скрининг на заболувања.

Како подносители на предлог-проекти остварување на правото на финансиска поддршка во спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово, можат да се јават здруженија и други правни лица кои имаат регистрирана дејност од областа на здравствена заштита, а кои ги исполнуваат следните критериуми:

– да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани/правни лица  и истите да се со седиште на територија на општина Куманово како матична општина;
– да имаат Програма за работа за 2023 година, која опфаќа активности од областа на здравствена заштита;
– да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на здравствена заштита на територија на општина Куманово.

Едно здружение/правно лице на Јавниот повик може да поднесе најмногу до 3 (три) предлог-проекти за финансиска поддршка за вршење работи од областа на здравствена заштита. Секој предлог-проект се доставува со поединечно Барање до општинската архива.

Подносителите на предлог – проекти потребно е да достават:

-барање со основни информации за подносителот (име на организацијата, адреса, телефонски број, е- маил адреса, лице за контакт);
-краток опис на организацијата;
-предлог-проект за кампања, опис на активностите кои ќе се преземат;
-потребен буџет, како и опис на потребите од буџетот;
-трансакциска сметка на здружението.

Јавниот повик е објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk  и ќе трае 7 дена од денот на објавувањето.
Предлог – проекти со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ул.  11-ти октомври бб, 1300 Куманово“.
Барањата со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок, нема да бидат разгледувани.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)