Повозрасен кумановец осомничен дека дал фалсификувана банкнота од 500 евра

Шеесет и двегодишно лице од Куманово е осомничено дека пред два дена при размена на пари на 21-годишно лице му дало фалсификувана банкнота од 500 евра, информира полицијата.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

 

Коментари

коментар(и)