СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата

СВР Куманово денеска со мало задоцнување поради посетата на папата Франсис во Скопје, го одбележа 7-ми мај, Денот на полицијата.  На свеченоста присуствуваше началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, заедно со останатите претставници на полицијата, како и бројни делегации од политичкиот и општествениот живот од градот.

Началникот во своето обраќање истакна дека полицијата изминативе години постигнала успешни резулатити и реализирала повеќе активности, благодарение на успешната соработка со повеќе институции.

-Полицијата во своето работење има навистина обврски, потешкотии, не можам да не се сетам на немилиот настан од претходниот месец, кога настрада нашиот колега Виктор Цветковски, одговорно и совесно извршувајќи ги своите работни задачи. Нашата професија е таква и понатаму ќе работиме се во насока за добро на граѓаните ќе ги извршуваме и понатаму нашите работни задачи и обврски, но се надевам дека и понатаму ќе прдолжиме да соработуваме со сите институции на локално ниво-нагласи тој.

Во знак на успешната повеќегодишна соработка, полицијата додели неколку признанија на јавни установи и претпријатија, меѓу кои и на телевизија Плус.  Спомен благодарница Секторот за внатрешни работи Куманово додели и на семејството на прерано загинатиот полициски службеник, Виктор Цветковски.

Претходните денови беше организиран шаховски турнир во чест на Денот на полицијата.

Коментари

коментар(и)