СДСМ се сретна со жителите на Ново село

Кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски, Лидија Тасевска, Мартин Захариев и Мирослав Јовановски синоќа оставија средба и ја побараа поддршката за изборите на 11-ти декември, од жителите на Ново село. Обраќајќи се пред присутните Димитриевски нагласи дека сегашната власт предизвикала државата да се финансира од казни и глоби од џебот на граѓаните. Посочи доколку истата остане на власт од јануари не само што ќе нема пари за плати во образованието, туку и за пензиите бидејќи Македонија финансиски ќе колабира.

-Замислете се прави во центар на Скопје камена и бетонска фаланга, а војниците со години немаат задолжено нови војнички чижми за резервна униформа да не говорам. Ми вели една мајка една униформа имаш не вели и таа е уништена, дотраена. Погледнете што се случи со Житомел, Монопол, велат Бајруш Сејдиу бил криминалец, криминалец бил го затворија, но зошто ја разнебитија фабриката, имотот исто се случи и со Биброк, Кен, еден дел од Искра, 1-мај го споменуваат ќе го рестартираат ене го нема ништо од 1 мај-посочи Димитриевски.

Тој додаде дека Скопје се гради веќе 11 години, а во Куманово не се дава ниту она што е законски утврдено. Пред мештаните на Ново село се обрати и Мартин Захариев кој нагласи дека во Планот за живот една од главните цел е задржување на младите во државата.

-Бадијала се фалат со отворање на нови работи места, фабрики, проекти. Бројките говорат друго имаме над 50 проценти младинска невработенист од кои половина од тие луѓе се на пат да заминат во странство за вадење парче леб. Со она што ние го нудиме секој млад човек ќе добие понуда за вработување по завршување на образованието. Секој млад човек ќе добие тренинг камп во период од 4 до 6 месеци по завршувањето на образованието-посочи тој.

Пред присутните се обратија и останатите кандидати за пратеници, кои презентираа дел од мерките кои се однесуваат за земјоделството, економијата, образованието и слично.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)