ЦИВИЛ одржа семинар за слободни избори

Центарот за слобода започна нова серија семинари на тема „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кои се во рамките на истоимениот проект на ЦИВИЛ. Викендов во Куманово се одржа првиот  еднодневен семинар за обука и за стекнување  нови алатки за мониторирање на состојбите во РМ, преку кој Центарот ќе се обиде да и пружи на Македонија повеќе услови и да придонесе кон слободните избори закажани за април следната година.

-Тоа што е најважно за Македонија овој период е да не дозволиме изборна кражба, а важно е сите граѓанки и граѓани да бидат набљудувачки и набљудувачи на овој процес, не е важно колку луѓе има некоја мониторинг мисија туку колку е силна колку е висока свесноста на граѓаните и тоа во овие семинари кои започнуваат во Куманово ќе се обидеме да го презентираме, да го зајакнеме капацитетот на граѓанското општество и воопшто на луѓето кои што живеат во РМ да можат да знаат што им се случува и да знаат каде и како да се обратат за да ја побарат својата правда при заштита на гласачкото право, изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ

Според Центарот за слобода, политичката кампања која има изборен контект е континуирана кампања која ги злоупотребува  јавните ресурси  која сее страв меѓу луѓето  и ги крши човековите права и слободи и дискриминира врз основа на политичка афилијација.

– Според нашите истражувања политичката афилијација е повод за дискриминација и тоа се наоѓа на првото место, етничката дискриманција доаѓа на четврто место, а некогаш и на петтото место, на второ место доаѓаат работничките права и социјалните права на граѓанките и граѓаните и сметаме дека ова е ситуација која мора да се промени веднаш ако сакаме воопшто да имаме некаква иднина во оваа земја. Нашите искуства се такви дека тн политички бомби кои ги презентираше опозицијата  односно прислушуваните разговори не беа ништо ново за нас, тие беа само една горчлива потврда за сите наши наоди од изборните процеси во 2014 така и годините наназад се до 2008 година кога ние почнавме да се занимаваме со избори, изјави Дерала.

ЦИВИЛ годинава започнал да го набљудува целиот политички процес од 21 јануари, бидејќи според Дерала, политичките партии, а особено оние што се власт постојано се во некоја политичка кампања.

Проектот е поддржан од Министерство за надворешни работи на Германија, кој ќе трае 12 месеци, а за него се издвоени 40.000 евра.

Коментари

коментар(и)