62 лица приведени поради не почитување на полицискиот час во државата

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (8/9.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација

Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Коментари

коментар(и)