Што се однесува до моменталната ситуација во болничкото лекување, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, од кои 77 се лекуваат во кумановската болница.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и ,доколку се јави потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Author: Александар Ѓелевски
Двајца починати и 17 нови случаи на коронавирус во Куманово
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка –…
СДСМ ажурирана, со над 5200 члена во ОО СДСМ (ВИДЕО)
Денес во просториите на општинската организација на СДСМ Куманово се оддржа пресконференција на која стануваше збор за претстојните внатрепартиски избори, односно избор на претседател на партијата. Во продолжение ќе ја слушнеме Катерина Пешиќ-Бошковска – портпарол.
Регистрирани 807 нови случаи на ковид-19, во Куманово 38
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево…
Доделени локациите за поставување рекламни паноа од општината
Општина Куманово објави јавен оглас за доделување на локации за поставување рекламни паноа на подрачјето на општината. Доделувањето на пакетот ќе се изврши со јавно усно наддавање, лицитација и издавање одобрение за нивно поставување. Локациите се поделени во четири пакети, вкупно 44 локации плус три за потребите на општината.
Локациите за поставување на реклами на бандери за улично осветлување се дефинирани со вкупен број од 242 локации поделени во три пакети, претежно на улици и булевари…
Водостојот на Пчиња под просекот
Водостојот на реката Пчиња е под просекот за месец март, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
Мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, утринава во 07:30 часот покажала водостој на Пчиња од 57 сантиметри, што е пад од еден сантиметар во споредба со вчерашното мерење.
Сепак е под просекот за март, кој изнесува 70 сантиметри.
73 пациенти се лекуваат од ковид во кумановската болница
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 443 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство, а во Куманово бројката изнесува 73 пациенти. Да се има во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град…
Изводите ќе се вадат електронски
Со целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите, најави заменик-претседателот на Владата, Љупчо Николовски.
„Нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги. Дополнително, за да се подобрат услугите за граѓаните и фирмите, во полна функција се става Централниот регистар на население, каде што на едно место веќе…
МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека од утре (четврток) започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.
Со цел да се избегне метеж пред банките и да…
65 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово
Во текот на вчерашниот ден мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово. Во продолжени проследете го извештајот од надлежните.