Стотина јакни, детски ранци и друга спортска опрема донираше
вчера Лајонс клуб Скопје за социјално ранливите категории во општина Старо
Нагоричане. Донацијата е врачена на градоначалничката Жаклина Јовановска, а општината понатаму треба да направи
распределба на детската облека и спортска опрема и да ја подари на учениците во
социјален ризик и на децата со посебни потреби. Ова е прва соработка меѓу
Лајонс Клуб Скопје и Општина Старо Нагоричане, информира Јовановска,
потенцирајќи дека соработката со Лајонс клуб од Куманово трае подолг временски…
Локално
Преземени мерки заради зголемениот број заразени од морбили
По
зголемениот број на деца заразени од морбили, кумановската болница заедно со
Центарот за јавно здравје, воведоа неколку мерки. Зачестена дезинфекција,
обезбедени изолациони соби за сомнителни случаи на заразени од мали сипаници и
за хоспитализација се дел од мерките кои биле договорени на вчерашниот состанок
на комисијата за интрахоспитални инфекции. Одлучено е да се ограничи посетата
во кумановската болница.
-Од почетокот на годината заклучно со вчера на подрачје на Центарот за јавно здравје Куманово се регистрирани односно пријавени осум случаи на заболени…
Read More(ФОТО)Куќички за продажба на цвеќе поставени на влезот на пазарот
Седум дрвени објекти за сезонска продажба на цвеќе и садници се поставени на влезот на Зелениот пазар. Увид во куќарките кои се поставени со цел да се модернизира градскиот пазар, денеска изврши градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заедно со директорот на јавното претпријатие Пазаришта, Илир Саити. Оваа инвестиција е во рамки на програмата на општината преку Одделението за локален економски развој. Надлежните се надеваат дека на овој начин ќе го решат проблемот со дивата продажба,…
Read MoreЗаврши аплицирањето за бесплатна бања
И годинава голем број пензионери од Куманово аплицирале за користење на услугата бањско – климатска рекреација на товар на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Услугата може да ја користат корисници на
пензија, чиј износ на пензијата за ноември 2018 –та година изнесувал до
17.000 денари. За користење на бањско – климатската рекреација, заинтересираните поднесуваат барање до филијалите
и деловниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија,
според местото на живеење на корисникот на пензија….
Борците ќе го одбележат формирањето на Трета МУБ
Општинската организација на Сојузот на борци од Куманово
на 26-ти февруари ќе ја одбележи 75 годишнината од формирањето на Третата Македонска ударна бригада. По
тој повод боречката организација организира посета на Жегљане со бесплатен
превоз за граѓаните. Но, секако дека заинтересираните треба навремено да се
пријават за присуство на одбележувањето на овој значаен датум за Сојузот на
борците.
– Ние ќе тргнеме таму и ќе евоцираме спомени, ќе положиме свежо цвеќе, ќе
има пригоден говор и поради тоа ги информираме граѓаните…
(ФОТО) Донирани шест прочистувачи за воздух во болницата
Шест нови почистувачи за воздух ќе бидат поставени на детскиот и акушерскиот оддел во општата болница Куманово. Почистувачите се донација од кафе бар Сквер Гарден. Донацијата денеска ја прими директорката на болницата, Снежана Захариева.
Кафе бар Сквер Гарден денеска донираше шест прочиствувачи за воздух за кумановската
болница. Донацијата е дел од хуманитарната акција која што ја организираше
кафулето.
-Собравме пари за шест прочистувачи на воздух. Оваа забава трае веќе два месеци насловена 35+, имаме посериозни гости, сакав да…
Read MoreПолицијата денеска даруваше крв
Во просториите на полицијата денеска се одржа редовна крводарителска акција во тековната година која ја организира СВР Куманово во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст.
Во акцијата
се вклучија вработени од кумановската полиција, повеќекратни дарители, но и
помлади припадници на безбедносната служба.
-Ова ми е 11 ти пат како дарувам крв и секогаш кога моето здравје ќе ми дозволи. Ова е хумана работа кон која се придржуваме и ние во МВР,…
Read MoreЕко акција во „Христијан Т.Карпош“ во Драгоманце
Ученици и наставници заедно со директорката на
основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ и група граѓани на селото Драгоманце во
соработка со тимот на Форум – Центар за стратешки истражувања и документација денеска беа дел од акцијата „Активни граѓани за
добро владеење“. Во рамки на еко акцијата беше расчистен училишниот двор,
поставена нова ограда и други активности.
– Денеска во нашето училиште се одржува еко акција поддржана од проектот на
УСАИД со поддршка од тимот од Форум во кој што го…
Околу три милиони денари за локален економски развој
Подобрување на бизнис климата, климата за инвестирање, подобрување
на конкурентноста, зголемување на бројот на работни места, зголемување на бруто
домашниот производ , заштита на животната средина односно зелена економија, но и подигање на квалитетот
на живеење според европски и светски стандарди, предвидува Одделението за
локален економски развој во програмата за 2019-та година. Опозицијата во
Советот на Општина Куманово врз основа на понудените проекти во годишната
програма смета дека ЛЕР се состои во поставување на монтажни куќички за
продажба на цвеќе, обновување на…
Музеј Куманово доби 23 проекти од министерството
Ќе продолжи да се осовременува историското одделение од музејската поставка, откупот на етнолошки материјал, а ќе се работи и на документарен филм за бракови меѓу невести Албанки и стари ергени од Козјачијата. Ова се само дел од проектите кои годинава ќе ги реализира кумановскиот музеј, со средства од Министерството за култура. Министерството одлучи оваа година на кумановскиот музеј да му додели 23 проекти.
-Творештвото на зографите од 19 ти и почеток на 20 ти век…
Read More