Над 1500 бегалци пристигнаа на Табановце

Повеќе од  1500 бегалци меѓу кои и 150 деца пристигнаа со воз денеска напладне на железничката станица Табановце. Премрзнати и истоштени од патот,  а пред се од повеќедневната неизвесност дали ќе успеат да заминат кон земјите на ЕУ веднаш се упатуваа да се стоплат во монтажните објекти , а по пат земаа чај и ќебиња.
-Овој воз е малку поголем, тоа е пред се поради големите гужви кои што се сторија на границата помеѓу Грција и…

Read More

Граѓаните спроти ЗИК се жалат на проблеми со учениците

Граѓаните кои живеат во сокачето спроти зградата на поранешен ЗИК, се жалат дека постојано имаат проблеми со учениците од гимназијата и техничкото училиште кои посетуваат настава на албански јазик. Тие тврдат дека за време на одморите, учениците доаѓаат пред нивните дворови, вршат нужда, фрлаат смет и создаваат врева. Сопствениците на куќите велат се обиделе на мирен начин да ги решат проблемите, но тоа било безупешно. Неколку пати реагирале кај управите на училиштата, општината, Министерството за образование, па…

Read More

Жените од ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ синоќа организираше хуманитарна акција за социјално-загрозени семејства од руралните средини. Граѓанки, членки и симпатизери на паријата имаа можност во партискиот штаб да донираат облека, храна, средства за лична хигиена, играчки за деца и слично. Претседателката на унијата, Емилија Трајковска истакна дека се радуваат што со мал гест ќе предизвикаат насмевка на нечие лице.
-Планирано е да се посетат 4-5 семејства претежно во руралните средини од општина Куманово. Сметаме дека оваа…

Read More

25 повредени Бугари кај Опила

Скршеници на клучна коска, на ребра, на пршлени на рбетниот столб и на рамо се повредите со кои се здобиле четворицата бугарски државјани најтешко повредени при синоќешното превртување на бугарскиот автобус  на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила. Сите се надвор од животна опасност .Во сообраќајната несреќа полесно се повредени 21 лице, имаат набиеници по телото од различен интензитет, но по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување, велат надлежните.  Бугарските професори …

Read More

Стечајците најавуваат порадикални мерки

Со протести пред министерствата и владата, блокади на улици и штрајк со глад, стечајците од здружението УНИТ планираат да го искажат својот револт, бидејќи шести пат по ред собранието го одби предлог-законот за нивно обештетување. Законските одредби предвидуваа да се реши статусното прашање на 4.000 граѓани, кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, со тоа што тие ќе се обезбедат со 100 евра месечно…

Read More

Дамјановски: Вработените не го прекршиле законот

Постапката на Секторот за урбанизам е водена според правилникот за издавање на решение за градба и се запазени сите процедури од деталниот урбанистички план, истакна првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, откако двајца вработени добија кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење. Дамјановски тврди дека вработените професионално си ја извршиле работата и навремено ги известиле сите засегнати во случајот, па поради тоа нема прекршување на законот. Тој додава дека со ваквите…

Read More

Отворени денови за граѓаните во катастарот

Граѓаните  денеска и утре имаат можност да бидат дел од заедничките отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно—правни работи. Стручните тимови одговараат на прашања  на граѓаните и доколку се работи за грешка на катастарот се прават напори таа веднаш да биде исправена или пак се дава правен совет како проблемот да се надмине. Околу 6.000 граѓани досега на државно ниво се обратиле кај надлежните тимови во рамките на „Отворени денови…

Read More

Со калливи чевли во салата за венчавање

Паркингот кој се наоѓа во близина на полициската станица, односно зад Основниот суд, со децении е запуштен и неуреден. Бидејќи просторот не е асфалтиран пешаците се жалат дека зими, газат кал, а лете се гушат во прашина. Додаваат дека нема светло од никаде, па од дупките на секој чекор можат да си ги искршат нозете и автомобилите.
Кумановци обвинуваат дека на ова земјиште, паркира кој каде ќе стигне, па често се случува возила да го блокираат…

Read More

УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе собира идеи од граѓаните

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во четврток во 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе одржи трибина на која ќе бидат презентирани новите мерки и проекти, кои ги спроведува владата за младите. Истовремено сите посетители ќе можат да дадат свои предлози и идеи. Според претседателот на младите, Марио Цветковски проектите Купи куќа за млади, Македонија вработува, Изградба на 150 изгралишта за баскет, средношколска среда, бесплатни патувања за најдобрите студенти и многу други,…

Read More

Промовирана монографија за воннаставни активности

„Партиципација на учениците во воннаставни активности на училиштето-акциски истражувања“ е насловена монографијата која што беше промовирана денеска, а е изработена од четири основни училишта од градот „ Христијан Карпош“, „ Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ и „11 Октомври“.
Наставниците од посочените училишта направија истражувања со учениците преку прашалници, анкети и интервјуа на различни теми. Христијан Карпош работеше на темата-интерпероналните односи меѓу учениците во паралелка, Браќа Миладиновци ја обработи партиципацијата на учениците во воннаставни активности на училиштето, 11…

Read More
1 772 773 774 775 776 804