Неопходна меѓународна поддршка за мигрантската криза

Околу 4.000 мигранти за едно деноноќие пристигнуваат на железничката станица во Tабановце кои подоцна заминуваат кон прифатниот центар во Прешево, каде им се издаваат потврди, посочуваат хуманитарните здруженија кои ги пречекуваат бегалците кај монтажните објекти и им даваат храна и вода. Овој дневен центар синоќа го посетија државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска и државниот секретар за европски прашања  во француското МНР Арлем Дезир. Иако на официјалната веб страна на МВР вчера беше најавено присуството…

Read More

Отворена меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015“

15 уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија до 9-ти септември ќе творат во рамките на ликовната колонија Карпино 2015. Организатор традиционално е Мултимедијалниот центар Карпино , а делата ќе се создаваат во ресторан Грација. Освен што ќе творат, учесниците на колонијата ќе го посетат манастирскиот комплекс Карпино, црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и други значајни места во кумановско.
Според критериумите  уметниците треба да создадат најмалку три дела од кои две дела…

Read More

„Аудиенција“ синоќа премиерно во кумановскиот театар

Публиката синоќа со громогласен аплауз ја поздрави премиерата на претставата „Аудиенција“  која воедно го означи почетокот на новата сезона на кумановскиот театар. Апсурдната драма, дело на Вацлав Хавел напишана на крајот од дваесетиот век отворено го критикува општеството. Главните и единствени ликови се Садек , чиновник во пивара и Вањек талентиран писател на театарски пиеси кој е казнет и деградиран со физичка работа во пиварата. Претставата ја режираше актерот Мирослав Петковиќ, а ја играа актерите Чедомир…

Read More

Се одржа јубилејното издание на „Рома труба фест“

Бројни љубители на ромската музика синоќа присуствуваа на Градскиот плоштад, каде што се одржа 10-тото јубилејно издание на фестивалот „Рома Труба фест“, кој што го организира ансамблот на народни ромски игри и песни, „Рушит Шаќир“. На годинешниот фестивал пред кумановци настапија пет дувачки оркестри од Македонија и Србија, како и Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ и Анета Мицевска Молика. Организаторот, Самет Салиевски се надева дека традицијата за одржување на фестивалот  ќе продолжи и во иднина.
– Јас сум…

Read More

Започнаа уписите на „Евро колеџ“

Од вчера започнаа уписите во високообразовната установа „Евро колеџ“.  Оваа студентска година на смерот бизнис и аминистрација имаат можност да се запишат 100 студенти, од кои 30 веќе се пријавени. Деканот, Љубиша Петрушевски истакна дека кај нив уписот започнува по завршување на вториот уписен рок на државните фактултети, бидејќи сметаат дека тогаш се остава простор за приватните. Тој додава дека „Евро колеџ“ се разликува од другите универзитети по плодната соработка со странски студенти.
-Дипломата од „Евро…

Read More

Започна новата учебна година

За околу  17.000 ученици во Куманово денеска започна новата учебна година. Од нив, 1.183 деца првпат седнаа во училишна клупа и се сретнаа со учителот. Основното училиште „Браќа Миладиновци“  со свечен прием им посака топло добредојде на 138 првачиња кои го започнуваат своето основно образование. Воедно, втора година по ред  „Браќа Миладиновци “ е  училиште со најголем број  запишани деца во прво одделение.
-Основното училиште „Браќа Миладиновци“ секогаш приготвува прием за своите првачиња од проста причина…

Read More

Депонии од градежен шут во Проевце

Купишта од градежен отпад се нафрлани покрај патот кон Стара Бања па се до влезот во селото Проевце. Несовесните граѓани тука го  фрлаат шутот наместо во депонија по претходно издадена дозвола од комуналната инспекција. На овој начин ги одбегнуваат давачките кои треба да ги платат при одложување на сметот на прописното место. Случајните минувачи  и мештаните објаснуваат дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро и со камиони се  истоварува покрај…

Read More

Училиштето „Христијан Карпош“ без основни услови

И оваа учебна година околу 180 ученици од подрачното основно училиште „Христијан Карпош“ во населбата Иго Тричковиќ, попозната меѓу кумановци како Пуковско, ќе ја започнат во старата руинирана зграда. Наместо радост поради училишното ѕвонче, учениците но и родителите беа згрозени од уништените ѕидови, искрешни врати, прозорци, смет и израсната трева. Велат дека веќе изгубиле надеж дека надлежните ќе обрнат внимание на оваа воспитно-образовна институција, која се наоѓа во катастрофална состојба без основни елементарни услови за…

Read More

Кумановци во паника бидејќи ќе останат без дрва

Кумановци кои што користат дрва за грејната сезона, се во паника дека претстојната зима ќе останат без огрев.  Велат дека дрва нема во приватните складишта во градот, а оние што ги има се прескапи за нивните стандарди. Додаваат дека се принудени да чекаат до последен момент за да поефтинат, по тогаш да ги набават или пак да се одлучат за друга алтернатива за греење.
-Секоја година се греам на дрва, но оваа нема. Собрав пари, да…

Read More

Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“

Мултимедијалниот центар Карпино по 13 –ти пат  е организатор на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015-та  “ . Уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија до 9-ти септември ќе творат во ресторан Грација. До пред 4 години се твореше во манастирскиот комплекс Карпино,  но таму  нема веќе услови за вакво колонијално дружење, велат организаторите.  Учесниците на колонијата ќе го посетат манастирскиот комплекс Карпино и други значајни места во Куманово и регионот.
 -Во недела е…

Read More
1 789 790 791 792 793 804