Преку проектот за енергетска ефикасност, енергетски ќе бидат заштитени зградите во централното градско подрачје чии што станари 100 процентно се одлучиле да ги променат прозорците и балконските врати за да дојде до израз фасадата и кровната конструкција. Исто така еден од условите е и регулирана сопственост на становите која заинтересираните во изминатиот период можеа да ја завршат преку постапката за приватизација, вели Горан Митевски од Секторот за евроинтеграции. Станарите кои сакаат да се вклучат во…
Read MoreЛокално
Завршуваат подготовките за ликовната колонија „Куманово“
Од 18-ти до 27 август ќе се одржи 41 –та по ред ликовна колонија „Куманово“ во спортско рекретивниот центар Пелинце. Досега се пријавиле десетина ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија, а се чека на потврда за учеството и на ликовен уметник од Република Српска, вели Цоки Ристовски од Секторот за култура.
-Има некои уметници кои учествувале на оваа колонија пред околу десетина години, нема уметници од минатата година, ние сакаме да не ни се повторуваат…
На пеколни температури, кумановци без вода
Населбите во повисоките зони од Куманово на близу 40 степени целзиусови немаат вода и по неколку дена. Граѓаните мака мачат ноќе да ги наполнат бурињата и пластичните шишиња за да можат колку толку да функционираат. Тие велат дека и кога водата ќе дојде, притисокот е многу слаб поради што машините за перење алишта и бојлерите не можат да ги користат.
-Месец дена нема редовно вода, ноќе дојде, дење ја нема, ако станеш ноѓе да наполниш шишиња…
Полицијата и граѓаните заедно на терен во „Тоде Мендол“
Граѓаните од населбата „Тоде Мендол“ два пати неделно во просториите на месната заедница имаат прилика да се сретнат со полициските службеници и да разговараат за проблеми со кои се соочуваат во нивното населено место. Среда од 10 до 13 часот и петок од 13 до 16 часот се термините резервирани за функционирање на т.н надворешна канцеларија на полицијата. Жителите од населбата се задоволни од полициската активност и велат, на ваков начин се чуствуваат побезбедно.
Освен функционирање…
Отворени денови и за кумановските земјоделци
Земјоделците во текот на отворените денови ќе имаат прилика да се информираат за сите актуелни земјоделски програми и начинот на нивно користење. Тие можат да добијат советодавните услуги во Центарот за рурален развој на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Куманово. Оттаму објаснуваат дека земјоделците највеќе се интересираат за субвенции, а имаат проблеми со водоснабдувањето, струјата и патната инфраструктура. Тие посочуваат дека во моментот е актуелна програмата за рурален развој.
-За набавка на механизација…
Некогашниот ресторан парк, руина и јавен тоалет
Некогашниот ресторан „Парк“ во кој се одржуваа свадбени веселби и бројни манифестации веќе е минато. Тој е претворен во руина и јавен тоалет, а наместо угледни гости редовно го посетуваа бездомници и наркозависници. Станарите кои живеат над овој објект немаат мир од несовесните граѓани кои однеле се што можеле од поранешниот ресторан. Пензионерите пак кои секојдневно го посетуваат клубот минуваат од оваа место и се згрозуваат од глетката.
Младите масовно заминуваат од Куманово
Младите кадри масовно заминуваат во странство. Градот останува без активно население кои немајќи можност да се изразат на професионален план заминуваат во потрага по подобра иднина надвор од земјава. Вадење на бугарски пасоши и склучување на бракови со државјани од други држави се најчестите начини да се побегне од родното место за подобра иднина.
Read MoreМеѓународен тамбурашки фестивал во Куманово
Традиционално по 11- ти пат во Куманово ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал. На 21 И 22 месецов на градскиот плоштад граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на тамбурата на оркестри од градот и од странство. Првата фестивалска вечер ќе ја отворат кумановските тамбураши.
-Ќе имаме гости, ќе биде Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, јас ќе пеам заедно со моите тамбураши за да главната атракција или ѕвезда на вечерта биде господинот Мирослав Шкоро со својот…
Угинат крупен добиток од „шушкавец“ во липковско Гошинце
Заразна болест „шушкавец “се појави во липковското село Гошинце. Неколку домашни животни веќе угинале, а не се знае дали и колку други се заразени. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за шест животни – крупен добиток. Случајот вчера го пријавил Исмаил Авни, жител на Гошинце во Центарот без да прецизира која е причината за појавата на оваа заразна болест бидејќи досега не ги користеле услугите на ветеринарните служби за лекување…
Read MoreБесплатна бања и викенд за пензионерите
Седумдесетина пензионери од Куманово бесплатно ќе престојуваат во Катлановска Бања во текот на септември и октомври. Освен бањско – климатската рекреација од оваа година се воведува и бесплатен викенд во Дојран кој ќе го искористат дваесетина пензионери. Веќе пет години по ред Владата на РМ го спроведува овој проект, а одзивот на пензионерите е масовен, велат од фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Куманово.
Кандидатите кои аплицираат за користење на оваа мерка се селектираат од…