СДСМ: Екстерното тестирање не го подобрува образованието

СДСМ: Екстерното тестирање не го подобрува образованието

Од општинскиот комитет на СДСМ обвинија дека екстерното тестирање кое треба да започне утре, воопшто не придонесува за поквалитетен образовен процес. Портпаролот Сашо Тодоровски нагласи дека истото внесува само дополнителна нервоза и хаос при крајот на учебната година.
-Утре и во петок, власта во заминување на ДПМНЕ, сака на мускули до крај да го спроведе својот необразовен експеримент наречен екстерно тестирање. Тестирањето кое го спроведуваат и го замислиле во никој случај не се поклопува со тоа…

Read More

Трибина „Јавен натпревар за најдобар бизнис план“

Трибина „Јавен натпревар за најдобар бизнис план“

„Јавен натпревар за најдобар бизнис план“ е насловот на завршната трибина која што се одржа синоќа во зградата на поренешен Комитет.
Истата е дел од проектот Преку младинско претприемништво до рурален развој, кој го спроведува Здружението Доверба.
На трибина над 20 млади од Куманово, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане имаа можност да ги презентираат своите бизнис планови кои што ги подготвиле на досегашните средби.
 
 
Инаку проектот Преку младинско претприеништво до рурален развој финансиски е подржан од Владата на…

Read More

Учениците од „Перо Наков“ прославија 50 години од матура

Учениците од „Перо Наков“ прославија 50 години од матура

Учениците од економското училиште „Перо Наков“, кои матурирале во 1965 година, денеска одбележаа 50 години од матура.  Тие во 11 часот во училиштето одржаа класен час, се сретнаа со своите соученици, и се потсетија на средношколските денови.
На средбата присуствуваше и Светислав Димковски, еден од класните раководители. Тој истакна дека му е чест што по долг период повторно има можност да ги види своите ученици.
Тие се потсетија на нивната паралелка која броела над 50 ученици. По завршување…

Read More

ВМРО ДПМНЕ: Биљановце заборавено од градоначалникот

ВМРО ДПМНЕ:  Биљановце заборавено од градоначалникот

Најголемиот дел од населбите и селата во Куманово со години се заборавени од локалната власт. Само се ветува, но не се инвестира, посочија  денеска од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Биљановце е само едно од населените места кое што во 21 –от век е без приклучок за водоводна и канализациона мрежа, со дупки на улиците, без улично осветлување, спортски игралишта и со руинирано училиште.
-Тука сме да Ве потсетиме дека вашата лична и партиска кампања воопшто…

Read More

Пензионерите со претставата „Шути и рогати“

Пензионерите со претставата „Шути и рогати“

Членовите на драмската секција при Здружението на пензионери синоќа во Народниот театар ја изведоа претставата Шути и рогати, од Драгољуб Димковски. Се работи за комедија која што пензионерите веќе неколку пати ја имаат изведувано, но со различна актерска екипа. Пензионерите истакнаа дека им е драго што успеале да предизвикаат насмевка на лицето кај своите сограѓани. Додаваат дека уживаат во ова што го работат.
-Ова е комедија, интересна од нашиот крај од нашето поднебје, вистинито случување, претставата…

Read More

Продолжува „Шарената револуција“ во Куманово

Продолжува „Шарената револуција“ во Куманово

Мирно и без инциденти помина синоќешниот протест на активистите и подржувачите на граѓанската иницијатива Протестирам. Како и на претходните и на овој протест, поддршка дадоа членовите и симпатизери на опозициските партии, а пред присутните се обратија Оливер Спасовски и Роберт Алаѓозовски од СДСМ, кои побараа целосно повлекување на аболицијата и прочистување на избирачкиот список, со цел овозоможување на услови за фер и демократски избори.
-И шарената револуција и боењето се заради Иванов, а се додека не…

Read More

Во сабота ќе се полага државна матура

Во сабота ќе се полага државна матура

На 4 јуни во сите средни училишта во државата ќе се полага задолжителниот предмет, односно македонски јазик и литература, албански и турски јазик и литература.
Во кумановското техничко училиште „Наце Буѓони“ државна матура ќе полагаат  вкупно 127 ученици со настава на македонски јазик и 204 ученици со настава на албански  јазик, информира директорката Лидија Михајловска.
– Освен државна матура се полага и завршен испит за учениците кои не мислат да продолжат на факултет,  тоа се 89 ученици…

Read More

Крводарителска акција во СВР Куманово

Крводарителска акција во СВР Куманово

60-тина вработени, но и пензионирани полициски службеници во СВР Куманово денеска беа дел од редовната крводарителска акција што се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст од Куманово.  Денешните дарители на крв уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело.
-Деветти пат по ред дарувам крв и им порачувам на младите да бидат дел од овие крводарителски акции бидејќи на тој начин помагаат некому, изјави редовен крводарител
Дел од крводарителите…

Read More

Авионско прскање против комарци

Авионско прскање против комарци

Во раните утрински часови во сабота ќе се изврши авионско прскање против комарци на територијата на општина Куманово.
Се известуваа сите пчелари да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолните временски услови, истото се одложува за наредниот ден.

Read More

Прослава за мини матурантите во „Кокиче“

Прослава за мини матурантите во „Кокиче“

Во објектот Кокиче на градинката Ангел Шајче денеска се одржа забава наменета за мини матурантите кои од септември ќе заминат на училиште. По тој повод со пригодна културно уметничка програма, децата се простија од градинката. На прославата присуствуваа и нивните родители, а воспитувачките им доделија дипломи и книги.
-Многу сме горди и среќни, што денеска ќе ги испратиме нема ние да се поздравиме со нив, затоа што дел од нив ќе останат да одат и преку…

Read More
1 877 878 879 880 881 932