Алексеј Стојановски од ТК „Тумба“ го освои првото место на Отвореното првенство во тенис на Македонија за јуниори до 18 години, кој на 29 и 30 август се одржа на терените на ТК „Поинтер“ во Скопје.
„Во финалето Стојановски одигра неизвесен и квалитетен меч против својот клупски колега Марин Стефановски, совладувајќи го со 6:4, 6:7(4), 10:8 во супертајбрејкот. Финалниот дуел донесе голема борба, одличен тенис и неизвесност до последниот поен. Двајцата кумановски тенисери прикажаа високо ниво на игра, техничка зрелост и голема борбеност. Стојановски беше посконцентриран во решавачките моменти од супертајбрејкот и заслужено стигна до победата. Стефановски, пак, со одличниот настап и борбеноста до самиот крај потврди дека станува збор за млад тениски талент со сериозен потенцијал“, објави клубот „Тумба“.
Фото: ФБ Спортски клуб Тумба