Андреј Стојановски, кумановската гордост во ММА вештини

Нашиот сограѓанин и ММА борец Андреј Стојановски има само 21год. и веќе неколку победи зад себе. Следната негова борба во ММА ќе биде во Горњи Милановац, Р. Србија, а негов противник ќе биде Миљан Здравковиќ кој доаѓа од клубот Секутор, што важи за еден од подобрите ММА клубови во Србија. Борбата ќе се одржи на 20ти Март.

За одбележување се неколку постигнати успеси на Стојановски: 4 пати е прогласен за државен првак во бразилска Џиу Џица, аматерски државен шампион во ММА со 4 борби без пораз и 2 борби во бокс во нашата држава.

Очекуваме и од оваа борба да се врати со успех.

Коментари

коментар(и)