58 лица казнети за неносење маска во Куманово

Педесет и осум лица во текот на изминатото деноноќие во Куманово добиле казна поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето, додека едно лице е приведено поради непочитување на забраната за движење по 22 часот.  Уредбата за задолжително носење заштита на лицето не ја почитувалe вкупно 98 лица, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 58, во Крива Паланка 23 и во Кратово 17.

За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Коментари

коментар(и)