(ВИДЕО) Арсиќ: Владата се грижи за земјоделците, продолжен е рокот на субвенции

Рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31-ви мај ќе биде продолжен до крајот на јуни, истакна на денешната прес-коференција Саша Арсиќ советник при Советот на Општина Куманово од СДСМ, нагласувајќи дека Владата се обидува на секој начин да им помогне на земјоделците во ова кризно време.

-Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. Во интерес на сите земјоделци, кои досега не успеаја да ги поднесат своите барања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поднесоа барање до Владата на РСМ за продолжување на рокот. На седницата одржана пред неколку дена Владата го прифати барањето. Рокот за аплицирање за субвенции наместо до 31-ви мај, ќе биде продолжен до крајот на јуни, заклучно со 30.06.2021. Ве замолуваме, искористете го продолжениот рок и аплицирајте електронски нa www.ipardpa.gov.mk или обратете се во подрачните единици на МЗШВ. Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели. Владата се грижи за земјоделците и подготвуваме нови мерки и законски решенија со кои ќе се олеснат постапките за аплицирање на сите кои се заинтересирани да се занимаваат со земјоделие-истакна Арсиќ.

Коментари

коментар(и)