Бензините поскапи за 1,5 , дизелот за два денари

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар, а дизелот поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83, а ЕУРОДИЗЕЛ  за 73,5 денари за литар. Со одлуката за 1,5 денари за литар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава за 73 денари за литар. За 1,815 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 46,537 денари.

Коментари

коментар(и)