Бензинот еуросупер БС-98 од полноќ поевтинува за два денара и ќе се продава по цена од 89 денари за литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на останатите горива денеска нема да се менуваат. Па така, литар еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава по 87 денари, литар дизел ќе се продава за 85,5 денари, екстра лесното масло за 85 денари за литар, а килограм мазут ќе чини 48,715 денари.