Бензинот ќе поскапи, дизелот ќе поевтини

Малопродажната цена на дизел горивото од вечерва на полноќ се намалува за 1 денар по литар, додека нафтата за домаќинствата поевтинува за 1,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 1 денар, додека бензинот од 98 октани поскапува за 1,5 денари по литар.  Малопродажната  цена  на  Мазутот  се зголемува за 0,5 денари за килограм.

Максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95         82,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98         84,50 (денари/литар)

Дизел горивото                                        73,00 (денари/литар)

Масло за горење                                     72,00 (денари/литар)

Мазут  37,628 (денари/килограм)

Коментари

коментар(и)