Бисера Паскал потпиша едногодишен договор со тим од Израел

Голманката Бисера Паскал од Куманово, која досега бранеше за тимот на Тенерифе, од Шпанија, се сели во Израел.

Таа потпиша едногодишен договор со клубот Бнеи Херзлиуа. Тимот се натпреварува во првата израелска лига, и има високи амбиции сезоната 2022/2023 клубот да ја заврши прв на табелата.

Паскал кариерата ја почна во ЖРК Куманово, каде што освои двојна титула, Женската супер лига на Македонија и Купот на Македонија.

Taa е родена во 1996 година во Куманово.

Екипата на ТВ Плус и посакува успех на Паскал во новата средина, и во најдобро светло да ги претстави градот и земјата.

 

 

Коментари

коментар(и)