Вакцинирани над 440.000 граѓани

Министерството за здравство денеска објави дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани.„Прва доза вакцина вчера примиле 5.401 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.821 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани“, велат од МЗ.

Според нив, со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

 

Коментари

коментар(и)