-Согласно одлуките на советот кои што се на сила и важечки ГУП, општина Куманово преку ЈП „Чистота и зеленило“ стопанисува со градските гробишта, додека овие гробишта на оваа локација, запознаен сум со барањето и во неколку наврати сум рразговарал со месното раководство, го стопанисуваат самите граѓани преку лица кои што тие самите ги имаат одредено на начин како што тие го имаат дефинирано. На сите состаноци досега е објаснето доколку сакаат гробиштата во населба Карпош да бидат преземени под надлежност на локална самоуправа или конкретно да ги дадеме под владение на ЈП претходно е потребно да истата локација се обележи соодветно во соодветна урбанистичка планска документација или како што рековте ГУП и потоа дополнително да се спроведе постапка за преземање и стопанисување и одржување на овие гробишта. Во моментов знам дека има сериозен проблем помеѓу самото месно население и самото месно раководство во делот на надлежностите и ингеренциите кои што тие самите си ги имаат делегирано.
Ние како општина немаме надлежност да се мешаме во тој дел се до оној момент додека не ги преземеме под наше владение, но, за да преземете нешто првенствено треба да постои законски основ, ГУП и дополнително пресек на состојба за тоа што преземате и под кои услови преземате. Во најкус можен рок, знаете дека е во тек постапка за избор на нови месни раководства, ќе се распише постапка, тоа зависи од вас советниците, преку комисијата за месна самоуправа избор на ново месно раководство и во оваа најголема населба во градот откако ќе биде изберено ново месно раководство ќе имаме луѓе со легитимитет кои што ќе можат да седат заедно на маса со општината и со јавното претријатие да разговараат за постапката и начинот како тоа да се преземе. Ако ме прашате мене дали е потребно да се преземат, да, потребно е од страна на општината, не само на оваа локација, и на сите други локации, но, со самото преземање на управување на самите гробишта, тогаш ќе важат и условите и цените кои што важат на самите градски гробишта, бидејќи сепак, сето тоа што го одржувате вие имате одредени трошоци и должни сте да ги подмирувате сметките и трошоците за тоа кон локалната самоуправа, рече Максим Димитриевски, одговарајќи на советничко прашање.