(ВИДЕО) Илиевски: Куманово ќе го добие најмодерниот плоштад со подземни решенија

Оливер Илиевски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, за Куманово на денешната прес-конференција најави дека градот ќе го добие најмодерниот и најфункционалниот плоштад со подземни решенија, пешачка зона и зеленило. Проектот за реконструкција и поврзување на двата плоштади е готов, наградуван проект во Франција, посочува Илиевски, со кој се предвидува модерен плоштад, шеталиште, подземен влез од кај улицата „Народна револуција“ до „Ленинова“ и од „Иво Лола Рибар“ до „Ленинова“, подземно паркирање на две нивоа.

– Проектот е изработени во времето на 2000-2005 година за време на градоначалникот Слободан Ковачевски. Во соработка со централната власт со најсовремени материјали ќе го изградиме најмодерниот градски плоштад и шеталиште во државата. Предвидено е раскошно зеленило, урбана опрема, естетски елементи, хортикултурно уредување, 26 фонтани. На овој начин ќе се намали загадувањето и сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, а на плоштадот, ќе се одржуваат бројни култури манифестации, рече Илиевски.

Илиевски, на прес -конференцијата рече дека претходната власт вложила само во две тениски игралишта и автопат од седум километри и нагласи дека сега со поддршка на централната власт, министрите, замениците-министри од Куманово и Владата ќе се реализираат бројни проекти во Куманово.

Одговарајќи на новинарски прашања, за висината на долговите на општината, прашање кое се провлекуваше на дебатите Илиевски рече дека не треба да се манипулираат граѓаните, со податоци и нафрлени бројки и нагласи дека треба да се користат официјални документи на институциите.

– Во државата постојат позитивни законски регулативи, меѓу кои е и сметководствена евиденција, на денот на примопредавање на функцијата од поранешниот градоначалник на градоначалникот на заминување има записник со кој се утврдени побарувањата и обврските на општината. Во 2018-та се зборуваше дека тој долг е 17 милиони евра, во 2019-та дека е 12 милиони евра, сега зборуваме за некоја бројка од 11 милиони евра. На почетокот од 2018-та е пријавен долг од близу четири милиони евра. Тоа е официјален документ, доставен од општина Куманово до Владата, од кои два милиони евра се вратени од страна на Владата, а два милиони евра се вратени од страна на општината-изјави Илиевски.

Тука, рече Илиевски, влегуваат извршните решенија и сè до нивното издавање влегува каматата на долгот од претходниот период. Илиевски кажа дека не треба да се манипулира со граѓаните, туку треба да се излезе со официјални бројки, нагласувајќи дека на Советот се усвојуваат завршни сметки на јавните претпријатија и општината.

– „Водовод“ Куманово како ЈП во 2017-та по завршна сметка должи 7,3 милиони евра, после четири години во моментов должи 8, 3 милиони евра што е за 1, 3 милиони повеќе од 2017-та. ЈП „Чистота и Зеленило“ должи 1, 2 милиони евра, другите имаат помали долгови и тие се слични како во 2017-та година. Треба да се каже дека на примопредавањето општина Куманово имала долг од 700.000 евра по тековни обврски, а другите сè со извршни решенија со сè камата која е по тие извршни решенија, така што оперативниот буџет на општината за четири години бил 14 милиони евра, од кои 12 милиони евра требало да се инвестираат во Куманово-рече Илиевски.

Во идниот период, најави кандидатот на СДСМ, Илиевски сè ќе се анализира во општината и лично, нагласи, не гледа инвестиции од 12 милиони евра направени од општината, освен кружниот тек и катната гаража, а останатите вложувања во образованието и спортската инфраструктура се буџетирани од централната власт.

Коментари

коментар(и)